Гадафи ги силувал и тепал девојките од неговиот харем

 

Убиениот либиски лидер Гадафи како што е веќе познато имал харем полн со жени кои секојдневно ги силувал и тепал, а некој од нив биле толку брутално силувани што завршувале со повреди на внатрешните органи.

Една од девојките по име Сораја која била дел од харемот на Гадафи си ја отвори душата и раскажа низ каков пекол поминувале девојките. Таа изјавува дека тој пиел, пушел, се дрогирал и се однесувал како животно со нив.

Сораја го запознала Гадафи на една училишна претстава на која му давала цвеќе со што била навистина среќна, но потоа сфатила дека тоа бил само почеток на пеколот кој ќе го преживее. Гадафи ја пронашол и одделил од семејството, ја натерал да облече танга, и направиле тестирање на крвта и ја испратиле кај него во соба каде тој ја силувал и малтретирал. 

- Јас сум и твој татко и љубовник и се....гледај ме во очи кога ти зборувам, викал Гадафи, раскажува девојката.

Сораја вели дека Гадафи брутално ја силувал што крварела наредните 36 часа.

 

најчитано сега