Папата си ја отвори душата: Лошо се чуствувам кога ќе видам свештеник во луксузен автомобил!

 

Папата Франциско си ја отвори душата и призна дека многу лошо се чуствува кога ќе види свештеници кои си се возат во луксузни автомобили.

Папата Франциско ги повика католиците да не стравуваат од реформите на застарените и нејаки структури" на Црквата. - Во христијанството и Црквата постојат застарени и нејаки структури. Тие треба да се обноват", рече папата.

Потоа, тој се обрати кон новите кандидати за свештеници: - Лошо се чувствувам кога ќе видам свештеник или калуѓерка зад воланот на најнов модел на некој модерен автомобил. Тоа е недозволиво", заклучи папата.

најчитано сега