Истрагата заврши: Детали за сообраќајката кај Градско во која загина 4-годишно дете

 

Основното јавно обвинителство – Велес ја заврши истражната постапка за трагичната сообраќајна незгода што се случи во мај годинава кај Градско, во која загинаа мајка и детенце.

Истрагата и сообраќајното вештачење покажале дека обвинетиот околу 18 часот и 45 минути се движел со својот патнички автомобил марка Мазда 3 во правец од Гевгелија кон Скопје со брзина од околу 109,77 км на час. Брзината на движење на автомобилот не била приспособена на атмосферските и другите сообраќајни услови, поради што не бил во можност навремено да реагира и да го сопре возилото пред секоја пречка што во услови на влажен коловоз и силен одблесок на сонцето може да се испречи, па така, за жал, во еден моменто налетал со автомобилот на сигурносен триаголник поставен на коловозната лента по која се движел, го турнал и продолжил да се движи, а бидејќи на автопатот претходно веќе се случила сообраќајна незгода помеѓу две товарни моторни возила Мерцедес Атего и Мерцедес Кесон удирајќи и тој не можејќи да го запре возилото удрил со предниот десен дел од автомобилот во задниот лев дел од товарното возило Мерцедес Атего оштетувајќи го истото и продолжил да се движи, притоа го завртел својот автомобил и сопрел попречно на средината од коловозната лента по која се движел.

На самото место на несреќата, од силината на ударот, починале неговите сопатници, 34-годишната сопруга која седела на совозачкото место и 4-годишниот син кој седел во седиште за дете зад седиштето на совозачот.

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега