Се урна хотел во Индија - 10 лица го загубија животот
Најмалку десет лица загинаа, а 15 се повредени денеска при уривање на хотел во јужниот дел на Индија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Се претпоставува дека уште десетина лица се наоѓаат под урнатините на хотелот „Сити лајт“ во градот Секундерабад во сојузната држава Андхара-Прадеш.
Според полицијата најголем дел од жртвите се работници и луѓе од персоналот. Во зградата имало ресторан што бил многу популарен и често посетуван од работници и возачи на рикши.
Причина за несреќата се претпоставува дека е слабата конструкција на 80 години старата зграда која не одговарала на стандардите за безбедност.