Преживеала пад на авион но ја прегазиле минувачите

Една од двете тинејџерки кои починаа во трагедијата која се случи во саботата во Сан Франциско кога боинг се урна при слетувањето, всушност ја преживеала несреќата но починала откако била прегазна од минувачите.

Шеснаесет годишната девојка била пронајдена покрај тобоганот за евакуација покрај левото крило на летот 214. 

-Судејќи според повредите кои ги констатиравме, можно е девојката во општиот хаос да е прегазена од едно од нашите возила или некое друго возило кое стигнало на местото на судирот. Нејзините повреди одговараат на повредите кои настануваат при газење на тело со возило. Тоа е моментално предмет на нашата истрага- вели Џоан Хејил Вајт, шеф на пожарникарската служба во Сан Франциско.

Патолозите се обидуваат да ги откријат причините за смртта кај тинејџерката, а резултати од обдукцијата се очекуваат во текот на оваа недела.