Неколку автомобили прегазија прилепчанец - трагична смрт на патот Градско - Скопје

 

Вчера, во страотна несреќа загинал 51 годишниот прилепчанец Демир Папунски. Според информациите до кои стигнавме, прилепчанецот го прегазиле повеќе автомобили.

Несреќата се случила вчера вечерта околу 21 часот на патот Градско - Скопје, по наплатната рампа Градско. Според првичните неофицијални информации, во Папунски удрил непознат автомобил кој веднаш избегал од местото на несреќата. Прилепчанецот, кој привремено живеел во Велес, продолжил да лежи на патот, па го прегазиле уште неколку автомобили, најверојатно поради неосветленоста на патот.

Папунски починал на лице место. Од полицијата велат дека активно се трага по учесниците во сообраќајката.

 

најчитано сега