Боингот кој се урна во Сан Франциско се обидел да го откаже слетувањето

Екипажот од боингот кој во саботата се урна на аеродромот во Сан Франциско се обидел да ја зголеми брзината и да го откаже слетувањето  неколку моменти пред трагедијата.

Ова го покажуваат снимките направени во авионот од страна на истражувачите на САД според кои седум секунди пред ударот немало знаци дека нешто не е во ред со авионот.

-Има секакви повреди, на абдоменот, на ’рбетот... Некои од нив се карактеристични знаци за парализа. Има повреди на черепот и разни ортопедски скршеници, вели Маргарет Кнудсон, хирург во болницата.

Инаку, при несреќата загинаа двајца, а повредени се 10 патници.

најчитано сега