Еве кој ќе биде нов премиер на Египет

 

Економистот од редовите на социјалдемократите Зиад Баха ел-Дин најверојатно ќе биде именуван за привремен египетски премиер.

Баха ел-Дин, студент на Оксфорд, беше шеф на Канцеларијата за инвестиции во последните години од владеењето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, во текот на економската либерализација, но поднесе оставка од функцијата пред падот на Мубарак. 

Лидерот на либералната опозиција Мохамед ел Барадеј, чие првично именување за премиер предизвика револт кај најголемата египтеска исламистичка партија, би требало да биде именуван за заменик претседател, се наведува во соопштението.

најчитано сега