Македонските кошаркарки ќе се измерат со Португалија

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години денеска со почеток од 12 часот и 45 минути во Албена го игра натпреварот од 4.коло од Европското првенство – Б дивизија. Противник на Македонија е селекцијата на Португалија, која важи за фаворит во групата за пласман на првите три места.

На трите натпревари Македонија има две победи и еден пораз.

Покрај дуелот Македонија – Португалија денеска играат и: Велика Британија - Летонија, Романија - Бугарија и Израел - Чешка.

Табела: Белгија 3-0 (победи-порази), Чешка 2-1, Бугарија 2-1, Македонија 2-1, Португалија 2-0, Израел 1-2, Велика Британија 0-3, Летонија 0-2 и Романија 0-2. 

најчитано сега