Десетмина загинати во авионска несреќа на Аљаска

 

Мал авион што служел како ер-такси, се урна на Аљаска при што загинаа пилотот и девет патници, јавија американски медиуми.

Се уште не се знае точниот број на луѓе кои патувале со авионот, ниту се идентификувани загинатите.

Меган Питерс од полицијата на Аљаска изјави дека авионот бил во пламен пред пожарникарите да стигнат до него. 

Жителите на Аљаска често користат авио превоз во патувања по таа американска сојузна држава. Несреќата се случи само еден ден откако Боинг 777 на Ејжиан ерлајнс се урна при слетување во Сан Франциско кога загинаа две лица и голем број се повредени.

најчитано сега