ВИДЕО: Морал да се брани: Судија извади пиштол на фудбалски натпревар

Нисколигашки натпревар во Бразил имаше крајно неочекуван епилог, откако судијата кој се почуствувал загрозен извадил пиштол, пренесуваат локалните медиуми.

Фудбалскиот арбитар Габриел Мурта, кој по професија е професионален воен полицаец, бил нападнат за време на натпреварот, бидејќи исклучил еден играч. Судијата веднаш претрчал до соблекувалната и се вратил со пиштол.

Како што изјави претседателот на судиската комисија Џулијано Бокано, Мурта опишал дека се почуствувал загрозено, поради што отишол во соблекувалната и го зел оружјето.

Мурта поради ваквата реакција ќе има разговор со психијатар и можно е да биде санкциониран. Како што се наведува, на мечот немало полициско обезбедување.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега