Боби Мојсовски со нов видео запис за „Погледни во мене“

Актуелниот македонски пејач - Боби Мојсовски, најмногу познат на јавноста како вицешампионот на овогодинешниот X-Фактор, деновиве го снима видео-записот за новиот сингл "Погледни во мене".

Боби се потпишува зад текстот на својата нова песна, а музиката и аранжманот е на Јован Василевски.

Младиот Боби сепак одлучи да продолжи со проверениот тим и овој видео-запис да биде дело на режисерот Даниел Јовески.

Покрај многуте ангажмани и настапи по завршувањето на шоуто X-Фактор, Боби, заедно со неговиот бенд, ова лето, успешно го одржа и првиот солистички концерт на градски плоштад во Охрид, а средствата беа донирани во хуманитарни цели.

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега