Трагедија во Радовиш: Маж загина во страшна сообраќајка
Седумдесет и шест годишниот Александар П. од Радовиш починал вчера по тешките повреди со кои се здобил при сообраќајна несреќа.
Сообраќајката се случила пред два дена на раскрсница од улицата „Плачковица“ и улицата „Кирил и Методиј“ помеѓу „БМВ“ управувано од Н.М.(66) и мопед управуван од Александар.
Од незгодата со тешки повреди се здобил возачот на мопедот и со возило на брза помош пренесен бил во штипската болница каде на 25.09.2015 година околу 01:30 часот им подлегнал на повредите.
Оцени ја веста
26.09.2015 - 12:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа