Шок за возачот кој го пронајде малото дете: Само слушнав „Тоа дете не е мое“

Двегодишно дете избега од градинка во Србија и влезе во автобус.

„Околу 16.40 часот на станицата забележав жена која во рацете држеше дете, додека до неа стоеше друго дете. Се приближив до станицата, жената со детето влезе од другата врата, а другото дете ја следеше. Патниците се стрчаа да му помогнат да се качи во автобусот. Жената со детето одма седна кај другата врата, а патниците другото детенце го оставија кај неа, мислејќи дека е нејзино дете. Тогаш таа извика - Тоа не е мое дете“, изјави возачот на автобусот Горан Милутиновиќ за српски Блиц.

Во автобусот веднаш настанал хаос. Детенцето не знаело да каже ни како се вика, ни од каде дојде. За среќа, возачот здогледал полицаец во близина и веднаш пријавил.

Полицаецот го зел детето и го вратил во блиската градинка, а одговорноста на воспитувачките допрва ќе се утврдува.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега