Скопска обиколница утре повторно во употреба

Обиколницата околу Скопје утре ќе биде отворена за сообраќај поради метеоролошките најави за интензивни врнежи дожд, соопшти Манифектура продукција  во име на „Шик филмс“.

Во сабота, пак, обиколницата од 5:00 до 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

На скопската обиколница францускиот „Шик филмс“ го снима филмот „А фонд“. Поради снимањето на филмот за до крајот на месецов беше најавено дека  обиколница ќе биде затворена од  7 до 19 часот.

Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на патиштата во државата се одвива по влажни коловози.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега