Системот на квоти за распределување на мигрантите има сериозни недостатоци

Одобрениот од Брисел систем на квоти за распределување на мигранти во Европската унија има сериозни недостатоци и Унгарија размислува да ја оспори одлуката на суд, изјави денеска шефот на канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Чешка, Унгарија, Романија и Словачка се спротивставија на планот за распределба на мигранти во земјите од ЕУ, одобрен со квалифицирано мнозинство од министрите за надворешни работи на 28-те земји членки во вторник.

- Предлогот за квотите е типичен пример за морален империјализам, како што Германија наметнува на Европа, изјави на прес-конференција Јанош Лазар. Шефот на канцеларијата на Орбан истакна дека унгарската влада бара дебата во парламентот по прашањето пред да донесе конечна одлука за оспорување на одлуката на ЕУ пред суд.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега