Сноуден: Западни држави тајно ги помагаат САД во шпионирањето

Американската Национална агенција за безбедност (НСА) во тајност соработува со други западни влади кои сега се жалат на нејзините програми, тврди поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден.

Во интервју за Шпигел, тој вели дека агенти на НСА соработуваат со Германци и голем број други западни држави. Додава дека одделение на НСА кое се вика Директорат за надворешни работи соработува со странски тајни служби.

Партнерствата се организирани така што властите во други држави „може да навредуваат нивни политички лидери ако јавноста дознае колку флагрантно се крши приватноста во светот“. 

Интервјуто го воделе американскиот експерт за криптографија Џејкоб Епибаум и документаристот Лора Поитрас користејќи „кодирани мејлови непосредно откако Сноуден стана познат во светот заради оддавање доверливи информации“. 

Тој тврди дека НСА во соработка со германската разузнавачка служба БДН, обезбедува „алатки за анализа“ податоци кои минуваат низ Германија, а доаѓаат од региони како Блискиот исток. 

најчитано сега