Полицајци “налетале“ на неексплодирана граната кај Голем Козјак

Вчера попладне во 15 часот, полициска екипа, во реонот на Голем Козјак, пронашла стара неексплодирана артилериска граната.

Според МВР, на местото викано Слива, полициските службеници пронашле стара неексплодирана артилериска граната и веднаш ја известиле Дирекцијата за заштита и спасување.