Коце Трајановски заминува за Фиренца

Македонска делегација во чиј состав се градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова од денеска до 9 јули ќе престојува во Фиренца.

За време на посетата делегацијата ќе се запознае со начинот на работа што ќе функционира во фабриката за преработка на отпад во депонијата “Дрисла”.

Градот Скопје со конзорциумот составен од ФЦЛ Амбиенте  и Униецо од Република Италија потпишаа договор за заедничко вложување во Јавното претпријатие депонија Дрисла – Скопје, со цел  вршење концесиска дејност во траење од 35 години.

Вкупната инвестиција за тарансформирање на ЈП “Дрисла” ќе изнесува 73 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од 4 до 5 години. Со овој договор е предвидено депонијата да прерасне во индустрија за екологија, во која отпадот ќе се трансформира во енергија или гориво и репроматеријал, секундарна суровина, со што драстично ќе се намали количеството отпад што трајно ќе биде одложуван на депонијата и ќе има поголема искористеност на повторно обновливите делови.

Посетата се реализира на покана на Конзорциумот ФЦЛ Амбиенте кој ја доби концесијата за трансформација на депонијата Дрисла во Скопје.

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk

најчитано сега