Новинар загина во тешка сообраќајка - двајца негови колеги се борат за живот

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово кај бугарскиот град Ловеч, животот го загуби еден новинар од бугарската новинска агенција БГНЕС, а двајца негови колеги се во болница и состојбата им е тешка, јавуваат бугарските медиуми.

Поради несреќата, агенцијата денеска нема да објавува вести.

Сообраќајката се случила на патот Софија - Варна на крстосница близу градот Ловеч. Се судриле два автомобила - во едниот биле тројца новинари, кои биле повредени и веднаш пренесени во болницата во Ловеч, но за жал еден таму починал, а другите двајца се во тешка состојба. Возачот на другиот автомобил бил полесно повреден.

Новинарите биле на службен пат за Трново, од каде требало да известуваат од прославата на Денот на независноста.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега