Седници на шест собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите на политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правна комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Граѓанската иницијатива со предлогот за донесување Закон за амнестија, заедно со Предлогот на законот за амнестија, на 145 граѓани доставена преку овластениот предлагач Мери Николова.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по предлог – законите за изменување и дополнување на законите за водостопанство, за земјоделски задруги, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за пасиштата, за рибарство и аквакултура, за квалитет на земјоделските производи, за ловството, за тутун и тутунски производи, сите во прво читање.

Комисијата за здравство ќе ги разгледува предлог - законите за изменување и дополнување на законите за здравственото осигурување, за доброволно здравствено осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување и за здравствената заштита, сите во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи две седници. На дневен ред на првата седница е Предлог на закон за изменување на Законот за буџетите во Република Македонија во прво читање поднесен од група пратеници. 

Во рамки на втората седница ќе бидат разгледани предлог - законите за изменување и дополнување на законите за кредитно биро, за изменување на Царинскиот закон, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за супервизија на осигурување, за ревизија, за државната ревизија, за акцизите, за хартии од вредност, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за јавна внатрешна финансиска контрола, за вршење на работи за застапување во царинските постапки, за даноците на имот, за комуналните такси, за вршење на сметководствени работи, за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, за експропријација, за административните такси, за буџетите, сите во прво читање. 

Законодавно-правна комисија ќе расправа по предлог - законите за изменување и дополнување на законите за здравственото осигурување, за кредитно биро,  за изменување на Царинскиот закон, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за супервизија на осигурување, за ревизија, за државната ревизија, за акцизите, за хартии од вредност, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за јавна внатрешна финансиска контрола, за вршење на работи за застапување во царинските постапки, за даноците на имот, за комуналните такси, за вршење на сметководствени работи, за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, за експропријација, за административните такси, за буџетите, за водостопанство, за земјоделски задруги, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за пасиштата, за рибарство и аквакултура, за квалитет на земјоделските производи, за ловството, за тутун и тутунски производи, за доброволно здравствено осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за здравствената заштита, сите во прво читање. На дневен ред на Комисијата е и Утврдување на пречистен текст на Законот за работните односи и Граѓанска иницијатива со предлог за донесување на Закон за амнестија, заедно со Предлогот на законот за амнестија, на 145 граѓани доставена преку овластениот предлагач Мери Николова.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправаат по Утврдувањето Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави. 

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега