ОБНОВЕНО: Полицаец во самоодбрана убил маж во Свети Николе

Маж на возраст од околу 30 години е убиен синоќа во непосредна близина на филијалата на Стопанска банка во Свети Николе. Во него пукал полицаец кој бил на должност. Тој пукал со службениот пиштол во самоодбрана, тврди Јавното обвинителство, пренесува Плусинфо.

Полицијата од Штип накратко извести дека се истражуваат сите аспекти за убиството, а по наредба на јавниот обвинител ќе бидат земени и снимките од безбедносните камери од банката за да се провери дали може да им помогнат на истражителите во целосно расчистување на трагедијата. 

Основното јавно обвинителство извести дека полицаецот на должност забележал возило „лада“ која се движела со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „ладата“ нервозен од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал да го навредува. 

Полицаецот им се доближил и ги одвоил двајцата, па го легитимирал возачот на патничкото возило кој пак давал отпор и започнал со тегнење и буткање да се спротиставува на службеното лице. Потоа возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот.

Возачот на „ладата“ е триесет годишен жител на Свети Николе кој сакал во еден момент да го прегази полицаецот. Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и му нанел огнострелна рана, од која возачот веднаш умрел.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега