Повеќе скопски населби без струја: Дали сте меѓу нив?

Поради технички зафати во електросистемот утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Сопиште, Чаир и Гази Баба.

Како што информира РЦУК Скопје, без струја од 08:30 до 11:00  часот ќе бидат дел од корисниците од ул.Маџари, од број 54 до бр.82 во општина Гази Баба.

Од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од село Сопиште (околу кафеана Гемиџии) во општина Сопиште, а од 08:30 до 14:30 часот корисниците на дел од с.Љубош, с.Батинци во општина Студеничани, Бул.Крсте Мисирков, ул.191, ул.Битпазарска, ул.Стив Наумов, ул.189. во општина Чаир.

Без струја утре од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од ул.Илија Ристовски, во општина Кисела Вода. 

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега