Страшна сообраќајка кај Скопјанка - возачот итно пренесен во болница

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во 4 часот и 45 минути на крстосницата на булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Ј. Питу“ во скопската населба Аеродром.

Како што информираат од МВР, пред трговскиот центар „Скопјанка“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблици управувано од 45-годишниот И.П. излетало од коловозот и удрило во бетонска жардениера.

Со возило на итна брза помош И.П. е пренесен во градска болница „Св.Наум Охридски“ каде што се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување. 

 

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега