Се огласи и поранешниот сопруг: Нека прави што сака, моја е пред Бога!

Иван Маринковиќ, поранешниот сопруг на пејачката Гоца Тржан која ја гледаме и како судија на Пинковите Ѕвездички, се огласи откако таа повторно го кажа судбоносното ДА. Тој вели дека иако таа се омажи за тапанарот Раша Новковиќ, е негова пред Бога, бидејќи се уште не се развеле во црква. Него не му пречи што мајката на неговото дете повторно се омажи овој пат за друг човек.

- Ние не го поништивме бракот во црква, ако посака да се случи и тоа ќе и го овозможам. Засега е моја пред Бога, изјавил тој.

Инаку, на свадбата на Гоца со нејзиниот долгогодишен партнер присуствуваа бројни имиња од естрадата како јелена Томашевиќ, Ацо Пејовиќ, Леонтина и многу други.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега