Нови детали за грозоморното убиство на Бранкица: Еве што му се случило на убиецот

Владица Тошиќ од Србија кој брутално ја уби својата сопруга, учителката Бранкица Тошиќ, останал неподвижен по сообраќајка која ја предизвикал бегајќи од полицијата.

Според најновите податоци на српскиот Курир за грозоморното убиство, тој е сместен во болница со скршена кичма, а одреден му е притвор поради што пред неговата соба постојано патролира полицијата.

Инаку, Тошиќ ја избоде со нож до смрт својата 49-годишна сопруга, во петокот околу 9 часот. Крвавото убиство се случи во дворот на училиштето каде таа предава, а потоа убиецот се качил во автомобил, но полицијата го стигнала. Тој предизвикал сообраќајка во која буквално се унаказил.

Неговиот обид за самоубиство бил неуспешен па сега ќе си ја одлежи казната.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега