Судбината и постави тешко прашање - нејзиниот живот или животот на нејзиното бебе

Таша Трафорд пред три години боледувала од рак на коските, но за среќа се излечи, па дури и забремени.

Меѓутоа, ракот се врати. Иако не била во состојба да одлучува, била принудена - или повторно да започне на хемотерапија или предвреме да го роди бебето. Таша започнала да се лечи со ризик хемотерапијата да го убие нејзиното неродено дете.

„Се што сакав во животот е да бидам мајка. Мислев дека еден ден тоа ќе ме одржи во живот и бременоста не беше доведена во прашање“, рекла таа.

Да биде работата уште полоша, на оваа медицинска сестра и открија и бројни тумори по целото тело и докторите заклучија дека станува збор за агресивен рак кој треба да се лечи со јаки терапии. Тој бил толку силен што и скршил неколку коски во грбот, а да не го открила навреме би останала парализирана.

Сепак Таша ја изнела бременоста до крај, па и се оствари желбата да го држи бебето во своите раце.

Таша во последните месеци од бременоста ја одбила хемотерапијата и го оствари својот сон - да стане мајка.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега