Во екот на мигрантската криза - погледнете еден стар германски план за миграција

Повоена Германија, во 1920-тите години се соочуваше со проблемот на миграција. Проектот Атлантропа бил идеја на архитектот Херман Соргел кој сакал да направи „евроафрички суперконтинент“.

Проектот „Атлантропа“ предлагал создавање на „евроафрички суперконтинент“, односно градење на мостови и делумно сушење на Медитеранот со помош на брани. Така би се овозможило на Европјаните да пронајдат подобар живот во Африка со што би се направила, европска доминација на Црниот континент. Тогаш расизмот и колонијализмот биле потполно прифатлива алтернатива, пишува хрватски 24сата.

Херман Соргел на оваа идеја дојде по лошото искуство на Германија во Првата светска војна. На крајот од војната, Германија доживеа пораз, по што морала да се откаже од сите колонии.

Базата на суперконтитентот на Соргел би била гигантска хидроелектрана.

Крајните нацрти на „Атлантропа“ откриваат дека Мидитеранот би бил поделен на неколку делови. Брана на Гибралтар, две брани на реката Конго, создавање на море во Чад и Конго. Денес тоа звучи апсурдно, но во тоа време овој проект бил многу сериозен.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега