Страшна грешка: Докторите ја убедуваа дека е здрава, а таа постојано крварела

Млада девојка почина на 21 година од рак на грлото на матката. Таа имала болки во стомакот и постојано крварела, а докторите ја тешеле дека тоа е нормална појава.

На Кристи Вилсон и е дијагностициран рак на грлото на матката пред три години, пишува Daily Mail.

Кога таа отишла на доктор, тестот од брисот покажал постоење на абнормални ќелии. И покрај операцијата, болеста се вратила и се проширила на црниот дроб и на слезината. Таа умрела опкружена со семејството и пријателите.

Во јануари младата Вилсон рекла дека докторите ги игнорирале нејзините симптоми на рак на матката.

„Во агонија крварев меѓу менструалните циклуси и бев во агонија, а докторите ми рекоа дека болките се поврзани со растот. Го познавам своето тело и знам дека нешто не е во ред бидејќи секогаш чувствував болка и крварењето беше често“, рече тогаш 21-годишната девојка. 

„Поминаа четири месеци додека да ја дознаам вистината. Да знаев по првиот тест, можеби тоа ќе ми го спасеше животот“, изјавила девојката.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега