Премиерот Груевски го означи започнувањето на реконструкцијата на патот Битола-Ресен

По завршувањето на подготвителните теренски активности попладнево официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола - Ресен.

Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски, кој денеска престојува во посета на Пелагонскиот регион.

Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница. 

Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега