Светот брзо се менува - децата ќе учат програмирање пред историја и географија

Учениците во Австралија ќе учат програмирање во училиштата уште во почетните одделенија, и тоа пред да почнат да учат историја и географија.

Децата од 5 години ќе бидат запознаени со основните компјутерски операции, а на 7 години ќе учат да програмираат, соопштија во петокот од австралиското министерство за образование. Тоа значи дека ќе компјутери ќе се учат многу порано од историја или географија.

Воведувањето на програмирање на рана школска возраст има врска со зајакнување на фокусот на државата за компјутерско образование, технологија, инженерство и математика.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега