Страшна трагедија: Старица скокна од мост

Денес околу 14 часот непозната жена скокна од железничкиот мост на реката Toплица во Србија.

Според првичните информации во прашање е жена помеѓу 75-80 години. Безживотното тело кое било заглавено во грмушките било забележано од случаен минувач.

Дежурниот доктор само ја констатирал смртта. Се претпоставува дека жената намерно скокнала од мостот.

На мостот, на местото од каде скокнала се пронајдени стап и папучи, кои најверојатно им припаѓаат на старицата.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега