Волонтерите од Мировниот Корпус на САД пристигнаа во Македонија

Нови 45 нови волонтери од Мировниот Корпус на САД кои во наредните две години во Република Македонија ќе работат на подобрување на наставата по англиски јазик во училиштата и на развојот на заедниците, пристигнаа во Скопје.

Волонтерите ги пречека Мировниот Корпус на САД. 

Заменик-амбасадорот на САД Барт Путни кој беше присутен на пречекот на волонтерите, им посака добредојде во Република Македонија.

- Би сакал да Ви се заблагодарам за вашата подготвеност и посветеност да му служите на народот во Македонија. Како амбасадори на добрата волја, влијанието од работата што ја правите тука и доживотните пријателства што ќе ги стекнете, ќе бидат запаметени во следните неколку генерации, рече Патни.

Од основањето на Мировниот Корпус во Македонија во 1996 година, повеќе од 500 волонтери служеле во земјата со цел да се зајакнат односите меѓу Америка и Македонија. Следната година Мировниот Корпус ќе ја одбележи 20-годишнината од постоењето во Македонија.

На часовите во училиштата, стотици деца ги научиле првите зборови на англиски јазик и имале можност да се запознаат со американската култура. Многу проекти се спроведени во невладините организации и општините со помош на волонтерите кои помагаа со својата стручност и желба.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега