Владата планира намалување на кредитите за земјоделски проекти

Земјоделците кои имаат подготвено добри проекти може да аплицираат за кредитите од МБПР, апелираше денес премиерот Никола Груевски.

Тој, по денешната посета на пелагонискиот регион, истакна дека од лоцираните 10 милиони евра наменети за поддршка на земјоделците, неискористени се уште 6 милиони евра.

Груевски најави дека Владата ја разгледува можноста за намалување на каматата од 3 на 2 проценти, што најверојатно ќе биде усвоено.

-Овие кредитни линии ќе бидат уште поповолни за земјоделците и претпоставувам дека на наредните седници на Влада ќе го прифатиме ова намалување на каматите и тоа ќе помогне многу земјоделци да може да дојдат до она што им е потребно. Овие кредити се наменети за три работи, за примарно производство, за преработувачки капацитети и за откупно-дистрибутивни центри, истакна премиерот.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега