Им создаваат главоболка на сточарите - волците прават хаос во кумановско

Волци зaдавиле 18 овци во одгледувалиште во кумановското село Орашац. Сточарот Горан Николовски изјави дека првпат се случува волците да влезат во трлото и да им причинат значителна материјална штета.

Сопственикот  повикал и полиција и ветеринарна служба. Од СВР Куманово го потврдија случајот и денеска информираа дека  увидна екипа излегла на терен и утврдила дека волци утрово во периодот од 02 до 03 часот, усмртиле 18 овци, десет биле повредени, но преживеале, а десетина овци избегале.

Ова е втор случај за четири дена во Кумановско, како волци напаѓаат стада. На 17 -ти септември во Пчиња, волк задави десетина овци и кози. 

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега