Попокатепетл им се заканува на минимум 650.000 Мексиканци

 

 

Мексиканските власти прогласија зголемено ниво на опасност од ерупција на вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа на 60 километри југоисточно од Мексико Сити.

Мексиканскиот министер за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг на својот профил на Твитер објави дека властите се решиле на ваквиот чекор поради засилената вулканска активност на Попокатепетл.

Во последните часови од вулакнот се издига црн чад кој достига височина до три километри, а од вулканскиот кратер излегуваат и големи количества гас и пепел.

На радиус од 50 километри околу Попокатепетл живеат речиси 4,5 милиони лица, од кои 650.000 се во т.н. зона на висок ризик.

Властите ги предупредија локалните жители да не се доближуваат го вулканот на растојание помало од 12 километри. 

најчитано сега