Утре не планирајте да возите автомобил во Скопје

 

Утре, 22 септември во 10.30 часот, заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски, ќе се приклучи на велосипедското дефиле кое ќе стратува во 10.30 часот пред Порта Македонија.

Велосипедистите ќе се движат по маршрутата: Порта Македонија – ул. Димитрие Чуповски - бул. Климент Охридски – бул. Партизански одреди, се врти кај Влае - кружниот тек – бул. Партизански одреди – бул. Илинденска - Школка, Градски Парк, која е во должина од 10 км.

Заминик министерот за животна средина и просторно планирање ќе се обрати на завршниот настан од Европската недела на мобилност (Школка, Градски Парк) заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и Мартин Клауке, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во РМ.

По обраќањата ќе следува забавна програма, како и извлекување на добитниците на лотаријата, на кои ќе им бидат доделени велосипеди како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега