Полицијата во лов на гостиварски дивокрадци

Во акција на полициското одделение Маврово, која била спроведена утрово, биле откриени двајца жители на селото Орќуше како сечат дрвја без дозвола.

Од Секторот за внатрешни работи - Тетово информираат дека браќата У.Џ. (32) и Ш.Џ. (34), утрово околу 6.30 часот, во атарот на селото Дуф биле затекнати како со моторна пила сечат букова шума. По извршениот увид, било констатирано дека браќата без потребните одобренија и дозвола, исекле два просторни метри дрво за огрев и 18 стебла бука.

Двајцата се приведени во полициското одделение Маврово и во текот на денот ќе се соочат со соодветна пријава.

Тетовската полиција, вчера  на улицата Киро Ристовски-Дрнц запрела товарно возило "мерцедес" во кое имало 4 кубни метри дрво за огрев. По проверката, било утврдено дека тројцата кои биле во камионот не поседувале документи дека дрвата ги собрале и превезуваат на легалeн начин. Возилото е предадено на шумската полиција.