ВМРО-ДПМНЕ: На каков компромис со Грција е подготвена Шеќеринска

 


Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за
само шест месеци, но никогаш не кажа како планира да го направи тоа. Сега вели дека СДСМ е спремна на компромисно решение, но повторно не кажува какво би било тоа решение, со каков опфат, каква содржина и какви последици за РМ и македонскиот народ. Таа во своите изјави користи воопштени ставови и изрази без никаква прецизна содржина.

Знаејќи ги ултимативните и бескомпромисни позиции на соседна Грција, која никако не отстапува од своите црвени линии, ние повторно ја прашуваме Шеќеринска каков е тој компромис кој Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија.

Ја почитуваме нејзината желба да се профилира како политичар со посебен интерес кон надворешната политика, но ја замолуваме, без воопштени фрази да ни соопшти каков би бил тој компромис што нас не би не загрозил, а Грција би го прифатила

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Радмила Шеќеринска)

најчитано сега