Град Скопје во континуитет работи на подобрување на безбедноста во сообраќајот
Градот Скопје во континуитет работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот, преку реализација на голем број на проекти кои ги опфаќа сите категории на учесници: сообраќајни возила, велосипедисти и пешаци.
Изминативе години во Градот Скопје беше извршено проширување на голем број на сообраќајници, а беше извршена и реконструкција на голем број на сообраќајници. Токму во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, Градот Скопје во 2013 година во употреба го пушти и Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС). Градот Скопје во континуитет работи на реконструкција на постоечките и изградба на нови пешачки патеки на булеварите и улиците во наша надлежност, информираат од Град Скопје.
Од оваа година Град Скопје го започна и новиот капитален проект на Град Скопје - проектот за унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје и за зголемување на безбедноста во велосипедскиот сообраќај, СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017. Со овој проект е предвидена изградба на нови велосипедски патеки и реконструкција на постоечките во вкупна должина од 51 километар.
Покрај конкретните проекти на терен, Градот Скопје учествува зема активно учество во сите кампањи за зголемување на безбедноста на сообраќајот.
Градот Скопје и во иднина ќе продолжи да работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите негови учесници.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа