ВЕТУВАЊЕТО ИСПОЛНЕТО: Зградата на старата полициска станица во Жировница, претворена во корисен простор за граѓаните

Експресно се решаваат проблемите на граѓаните ширум Македонија, кои на директните средби со премиерот тие ги посочуваат пред него.

При теренската посета на премиерот, едно од барањата на жителите на Жировница беше рушење на старата и дотраена зграда на полициската станица и нејзино претворање во корисен простор. Премиерот Груевски тогаш разговараше со министерот за внатрешни работи Митко Чавков и вети излегување во пресрет на ова барање.

zzzirovnicaa

На владина седница беше одлучено зградата да биде доделена на општината Маврово-Ростуше која експресно испрати механизација за нејзино рушење и веќе на терен се работеше.

Од општината велат конечно ќе се обезбеди паркинг простор кој особено е неопходен за печалбарите кој се присутни во овој рекански крај.

zirovnicaaa22

Граѓаните се задоволни и искажуваат благодарност до премиерот.

-Многу е убаво. Ова е растеретување на возилата. Патот многу тесен ни беше и тој се шири сега. Им заблагодаруваме на сите што се активисти за оваа работа. Се што се гради во селово се е убаво.

-Во лето имаме големи гужви од автомобили. Му благодариме на премиерот што се гради патот до горното маало. Многу сме благодарни.

-Барањето беше доставено до премиерот и тој веднаш реагира за да го удоволи тоа барање на жителите на село Жировница и објектот кој припаѓаше на полициската станица, со одлука на Влада е доделен на општината.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега