Скопјанец “олеснувал“ туѓи џебови во автобус на ЈСП

 

44 годишен скопјанец си заработи кривична пријава отако полицијата утврдила дека ограбил постар скопјанец во автобус на ЈСП.

Според МВР, 44 годишниот Б.А., на 28. јуни годинава, во автобус број 3 на ЈСП, го ограбил скопјанецот С.Ѓ. (80). Тој земал паричник во кој имало пари и документи, но, кратко по кражбата паднал во рацете на полицијата. Кога сфатил дека е откриен, Б.А. го фрлил паричникот на земја, но, не успеал да избега. Натрапникот бил приведен и во разговор со полицијата, признал дека го “олеснил’ старецот во автобусот.

Од полицијата информираат дека крадецот им е веќе познат, и во крим евиденциите на СВР-Скопје минува за сторени повеќе кривични дела тешки кражби, кражби и џепни кражби.

најчитано сега