Го познавам министерот: Медицинска сестра од Штип со измама „заработила“ 50.000 евра
42 годишна медицинка сестра од Штип ја измамила докоторката во чија ординација работела и успеала да и земе 50.000 евра. Таа тврдела дека е добра пријателка со тогашниот Министер за здравство и дека ќе и обезбеди проект финансиран со американски пари од кој таа би заработила 300.000 евра.
Пријавената во временскиот период од 15.01.2010 до 01.07.2011 година, додека работела како медицинска сестра во приватна здравствена установа, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ја довела во заблуда оштетената сопственичка, со лажно прикажување на факти, ветувајќи и дека преку тогашниот Министер за здравство кој наводно бил нејзин близок пријател, ќе и овозможи да направи проект за деца без родители, кој бил на невладина организација од Америка со седиште во Скопје. Таа ја убедила оштетената дека откако проектот ќе биде прифатен од Комисијата, оштетената за него ќе добиела голема сума на пари со кои средства ќе можела да им помага на децата без родители. Исто така лажно прикажувајки факти, И.Т. ја довела во заблуда оштетената дека преку сопругата на тогашниот Министер за здравство, која била во Комисијата во Фондот за здравство, ќе и помогнела да ги земе заостанатите пари заедно со нивната камата од капитацијата за нејзините пациенти. За тоа во повеќе наврати со различни изговори, во периодот од 15.01.2010 до 31.10.2011 година, истата и побарала и зела од оштетената пари во вкупна вредност од 2.609.000,оо денари, кои таа ги имала на својата денарска штедна книшка во Комерцијална банка. Оштетената кривичното дело во СВР-Штип го пријави на 04.07.2013 година, за што е изготвен Записник за примена кривична пријава.
Од МВР информираат дека е извршен разговор со оштетената и при тоа се констатирани околностите на кривичното дело. Од нејзина страна се доставени рачно напишани писма со содржина околу парите кои биле давани на пријавената, кои истата ги пишувала и препорачано адресирала до сопругата на тогашниот Министер, која наводно била вработена во Фондот. Исто така во просториите на СВР Штип е обавен разговор со ќерката на оштетената која појаснила дека во повеќе наврати во семејниот стан, нејзината мајка на пријавената и давала различни суми на пари. Од оштетената обезбедна е фотокопија од штедна денарска книшка, извод од тековна сметка од наведената штедна денарска книшка и збир на промет од штедна денарска книшка на кои се утврдени трансакциите на датите и сумите кои се вадени. Обезбедена е документација и е утврдено дека на име И.Д. од Штип, сопруг на пријавената, во 2008 година е купено ПМВ марка КИА СЕЕД за сума 923.910 денари платена во готово.
Преку поднесено барање до Агенцијата за катастар и недвижности одделение Штип е констатирано дека пријавената на 14.12.2010 година има купено стан со површина од 80м2 за сума од 2.460.100 денари, платено во готово.
Во просториите на СВР Штип е приведена пријавената Т.И. со истата е обавен разговор во врска со погоре наведеното кривично дело при што истата во присуство на адвокат појасни дека согласно одредбите од ЗКП ќе го користи правото да се брани со молчење во текот на полициската постапка.
Таа е спроведена до Истражен судија при Основен Суд Штип, од чија страна и е изречена мерка „куќен притвор“ во времетраење од 30 дена.