Училиштето „11-ти Октомври“ утре нема да работи

 

Општинското Основно Училиште „11-ти Октомври“ во Скопје утре ќе биде затворено за настава.

Како што е наведено во соопштението од општина Центар, ова е заедничка одлука на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

- Заедничката одлука е донесена по добиените сознанија за труење на учениците и ќе важи до завршување на комплетните испитувања за појавувањето на труењето, се вели во соопштението од општина Центар.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега