Утре две општини ќе останат без вода - проверете дали е вашата

 

Корисниците од ул. „Мајаковски“ во општина Центар утре од 9.30 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради поставување водоводен приклучок (Ф-80мм) на улицата, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЈП „Водовод“. 

Водоводен приклучок (Ф-700мм) утре ќе се поставува и на бул. „Србија“ бб пред зградата на „Џеваир Холдинг“ во општина Аеродром, така што од 7.30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето и за корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче.

Прекинот на водоснабдување на двете локации ќе трае до завршување на зафатите.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега