Викендов центарот на Скопје затворен за сообраќај - по овие улици нема да може да возите

 

По повод спојувањето на Т-Мобиле и Македонски телеком во еден правен субјект ќе се одржи културна манифестација на 19 и 20 септември на улица „11 Октомври“ пред Порта Македонија. Од овие причини, како и поради подготвителните активности на организаторот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ на потегот од крстосницата помеѓу ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ па се до крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ и ул. „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон Порта Македонија во периодот од 23 часот вечерта до 12 часот во недела. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега