Загинал додека работел во болницата во Козле - трагична несреќа во Скопје
55 годишниот тетовчанец Садри А. утринава паднал од скеле и загинал.
Според информациите од МВР, несреќата се случила додека тетовчанецот работел на изведување градежни рабботи во болницата во Козле. Садри паднал од скеле на висина од 3,5 метри.
Садри починал на пат кон скопскиот Ургентен центар, информираат од полицијата.