Прилепчанка и тетовчанка имаат ист матичен број - еве со какви проблеми се соочува семејството Малиќи

57 годишната прилепчанка Музејенка Малиќи веќе три години не  може да го оствари правото на социјална помош бидејќи има ист матичен број со друга жена од Тетово, пренесува Телма. До пред три години, семејството Малиќи добивале социјална помош, но, кога ги обновувала документите во 2009 година, Музејенка добила одговор дека има годишен приход од 90.000 денари од пензија, иако таа нема осварено ниту еден ден работен стаж.

Жената за Телма вели дека нема пари за да оди и вади лична карта. Со нејзиниот случај цели три години се занимавала невладината организација РОМА С.О.С., па спорот бил поведен пред Уставен суд. Според донесената одлука, Министерството за социјална работа и Центарот за социјални работи на Прилеп требало да го утврдат идентитетот на прилепчанката па потоа да донесат одлука. 

Од Министерството за труд и социјална политика, пак, велат дека во понеделник, во посета на семејството ќе оди прилепскиот Центар. Оттаму ќе помогнат, Мелиќи да ја добијат потребната документација која ќе го утврди идентитетот на Музејенка и со тоа, семејството конечно ќе го остварат правото на социјална помош. Од Министерството тврдат дека овој случај не бил решен поради проблеми во постапката меѓу центрите во Прилеп и Тетово.

Извор: Телма

ФОТО: Плусинфо

најчитано сега