Претседателот Иванов се сретна со Ѓукановиќ и Кривокапиќ

Претседателот Ѓорге Иванов поладнево во Милочер, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, имаше средби и со претседателот на Собранието и со премиерот на земјата-домаќин, Ранко Кривокапиќ и Мило Ѓукановиќ.

На средбите биле разменети мислења и информации за актуелните политичко-економски состојби во двете земји, евроатлантските интеграции и за севкупните безбедносно-политички состојби во регинот, вклучително и бегалската криза.

-    Заедничка констатација е дека двете земји негуваат одлични политички односи и споделуваат идентични надворешно-политички приоритети и цели, членство во ЕУ и НАТО, што, пак, се идеални претпоставки за интензивирање на соработката во сите сфери од заемен интерес, особено на полето на економската соработка меѓу двете земји, информираше Кабинетот на претседателот Иванов.

Во таа насока тој ја поздравил иницијативата за одржување заеднички состанок на владите на двете земји и нагласил дека ги охрабрува контактите меѓу бизнис-заедниците од Македонија и Црна Гора, како што е утрешниот бизнис-форум во Подгорица.

-    На средбите беше реафирмирана потребата од инфрастрктурно поврзување (патно и железничко) меѓу двете земји и беше изразено задоволство што Јадранско-јонската магистрала преку процесот Брдо-Бриони се најде највисоко во приоритетите на Берлинскиот процес, соопшти Кабинетот.

Македонскиот претседател на средбата со премиерот Ѓукановиќ истакнал дека „поврзувањето на коридорите 8 и 10 со Јадранско-јонската магистрала неповратно ќе го промени нашиот регион, ќе ја олесни економската соработка и ќе ги направи нашите економии попривлечни за странските инвеститори“.

Македонскиот претседател оценил дека евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност, изразил задоволство од заемната поддршка и истакнал дека Република Македонија е целосно подготвена за соработка со Црна Гора.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега