Претседателот Иванов го поздрави изборот на специјалниот обвинител

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Црна Гора, каде што е во официјална посета, го поздрави изборот на специјалниот јавен обвинител во Македонија. 

-  Го поздравувам изборот на специјалниот обвинител и се надевам дека и другите обврски кои се произлезени од договорот меѓу политичките партии ќе бидат навреме реализирани и дека тогаш ќе можеме да бараме и од Европската унија да го исполни она што го ветува, односно Македонија да ја најде начин да ја напушти статус-кво состојбата во однос на нашите евроинтеграции, изјави попладнево претседателот Иванов на прес-конференцијата со својот домаќин, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ во Цетиње. 

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега